logo
logo
logo

Никогаш не е доцна... испливала тајна, Жика Јакшиќ станал СВЕКОР, го ожени синот

Vecer | 03.12.2021

Никогаш не е доцна... испливала тајна, Жика Јакшиќ станал СВЕКОР, го ожени синот

Синот на познатиот продуцент и уредник на емисијата “Никогаш не е доцна“ во јуни 2020 година ја побарал својата партнерка за жена, криејќи го тоа од јавноста.

Жика Јакшиќ извесно време е свекор, сведочат сознанијата на медиумите, дека неговиот син Андрија се оженил 6 мај оваа година, меѓутоа оваа информација успеале да ја скријат од јавноста. Венчавањето се одржало во строга тајност, пренесува Блиц.ср.

Жика, како што пишуваат медиумите, освен својата приватност, тој успешно ја крие и приватноста на својот син. Поради тоа никој не успеал да дојде до оваа информација.

Потсетуваме дека Жика и неговата сопруга се развеле, а неговиот син пораснал со неа во Штудгарт. Тој честопати истакнува колку е горд на тоа како го одгледала таа:

- Иако не живеевме заедно, секогаш бев тука да му помогнам, на сите можни начини, но на мајката на Андрија и одавам големо признание, бидејќи имаше многу големо влијание. Таа успеа да се избори со неговото растење и со пубертетот. Вечно ќе и бидам благодарен – рекол Жика во една прилика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk