logo
logo
logo

Саша Поповиќ започнува НОВ БИЗНИС: Се здружил со ОВАА колешка, ќе заработи многу пари

Vecer | 01.12.2021

Саша Поповиќ започнува НОВ БИЗНИС: Се здружил со ОВАА колешка, ќе заработи многу пари

Директорот на „Гранд продукција“ не сака да мирува во пензија.

Саша Поповиќ одлучи да се пензионира, но само кога станува збор за музичката продукција и „Гранд“ кој го продаде со намера да почне да ужива.

Меѓутоа неговите пензионерски денови не траеја долго, и откриено е дека влегол во нов бизнис со својата колешка Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке.

- Сите се надевале дека Сале конечно ќе се посвети на себе си и семејството бидејќи работеше со децении наназад. Но изгледа дека Сузана напразно се израдувала дека следната година рака под рака со сопругот ќе патува по светот и ќе го има само за себе – вели изворот и додава:

- На Бежаниска коса сега се гради некоја зграда, не сум сигурен колку станови ќе бидат, но Вики со својата фирма, која се занимава со внатрешно уредување на станови, вклучена е во цела оваа приказна. Таа неодамна добила дозвола и за продажба на недвижности. Таа не би започнала нешто а да не знае дека ќе и се исплати. Осообено што цената на квадратот таму се движи од две илјади евра по квадрат а може и да се покачи – тврди изворот , додавајќи дена Брена не е во овој бизнис.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk