Аца Лукас ја подготвил песната за „Евровизија“, но поединци ја оспоруваат неговата желба да настапи на ова престижно натпреварување.

– Тоа е исто кога некој на Меси да му рече дека не знае да игра фудбал. Ако некој се докажал и покажал, тогаш тоа сум јас. Малку звучи смешно тоа оспорување. Тоа е исто како за Јелена Карлеуша да речат дека не знае да пее, а таа е ѕвезда со долга кариера. Не сме се слушнале одамна – открил фолкерот.

Лукас се осврнал и на учеството на Цеца Ражнатовиќ во новиот серијал на „Ѕвездите на Гранд“:

– Не сум гледал ниедна емисија на ЅГ, се знае зошто не сум таму. Таа е голема ѕвезда и сигурно ќе биде добра – заклучил Аца Лукас