logo
logo
logo

Цеца се пофалила со ЛУКСУЗЕН ПРСТЕН, со објавата ги заинтригирала многумина, можеби е веренички... (видео)

Vecer | 27.11.2021

Цеца се пофалила со ЛУКСУЗЕН ПРСТЕН, со објавата ги заинтригирала многумина, можеби е веренички... (видео)

Цеца Ражнатовиќ успеа со една објава на социјалните мрежи да ги заинтригира своите следбеници.

Цеца на Инстаграма објави снимка на која во прв план е прстен со големи скапоцени камења на нејзината лева рака.

Со оглед на тоа дека пејачката го сликаше само прстенот, многумина помислија дека дечкото Богдан Срејовиќ ја побарал за жена, со што по социјалните мрежи се нижеа коментари.

Инаку, Цеца неколку пати рече дека нема да се мажи, но оваа фотографија  ги натера многумина да се запрашаат дали пејачката се предомислила.

- Никогаш, зошто би се мажела? Хартијата само ја расипува среќата. Јас еднаш се омажив, и видов дека тоа може да биде убаво, фантастично, сјајно... сега сакам да се забавувам- рекла Цеца во една емисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk