logo
logo
logo

„ЈА ПОСРАМОТИВ ЖЕНА МИ“- Канје се кае

Vecer | 26.11.2021

„ЈА ПОСРАМОТИВ ЖЕНА МИ“- Канје се кае

Канје Вест тврди дека неговата сѐ уште легална сопруга Ким Кардашијан не сакала да ја носи капата „МАГА“ поврзана со Доналд Трамп и дека ја „засрамил“ со неговата неуспешна претседателска кандидатура во 2020 година.

Во „Молитвата за Денот на благодарноста“ што беше споделена во четвртокот, раперот (44) изјави дека Ким (41) била особено вознемирена поради неговата прес-конференција во Јужна Каролина, на која тврдел дека размислувале да го абортираат нивниот сега веќе осумгодишна ќерка Норт.

„Боже, мојата сопруга не сакаше да ја носам црвената капа. Бидејќи беше добра сопруга, Ким сакаше да ме заштити мене и нашето семејство“, рече Вест.

Веста продолжи: „Себеси и нашето семејство ги ставив на мета бидејќи не се придржував на политичкиот став на Холивуд, а тоа беше тешко за нашиот брак. Во тоа време се кандидирав за претседател без соодветна подготовка и без сојузници од двете страни“.

Раперот додал дека ја посрамотил сопругата бидејќи на една и единствена прес-конференција изнел информации за нивното семејство.

„Се што рече татко ми беше: „Напиши го твојот говор следниот пат, синко“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk