logo
logo
logo

Се породував болни 11 часа, но конечно ја прегрнав нашата ќерка: ШЕХЕРЕЗАД објави емотивни фотографии (ФОТО)

Vecer | 25.11.2021

Се породував болни 11 часа, но конечно ја прегрнав нашата ќерка: ШЕХЕРЕЗАД објави емотивни фотографии (ФОТО)

Турската актерка Бергузар Корел (39), позната по улогата на Шехерезад од серијата „1001 ноќ“ и Хали Ергенч (51), кој го паметиме како Онур од истоимената серија и од „Сулејман Величествениот“ пред две недели го добија третото дете – ќерката Лејла.

Бергузар сега објавила на својот инстаграм-профил низа емотивни фотографии од породувањето и открила дека се пораѓала 11 часа. Исто така, покрај ова, актерката ја искористила приликата да им се заблагодари на сите кои биле покрај неа во тие моменти.

Како што напишала, на бебето му била обвиткана папочната врвка околу вратот, а она што е интересно, е дека актерката го претчувствувала точното време кога бебето ќе дојде на свет.

Покрај описот под фотографијата, каде што открила сѐ за помалите компликации, им дала поддршка на идните мајки.

„Приказната на Лејла е едноставна уште од првиот ден. Покрај сите болки кои ги имав кога излегов од дома, си реков: „Ова девојче ќе можам да го родам дури во 10 часот наутро“. Пред крајот на 40-тата недела докторот ми кажа: „Постои причина зошто бебето се уште не е родено, можеби папочната врвка му е кратка. Иако поминуваа часови, а моето тело беше подготвено, таа не се појавуваше. По 11 болни часови, Лејла е родена во времето во кажав, точно во 10 часот наутро, со папочна врвка околу вратот. Конечно можев да ја прегрнам нашата ќерка… Имав среќа што покрај мене имав прекрасен тим на доктори, на кои моето здравје и здравјето на детето им беа на прво место“, напишала актерката.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk