logo
logo
logo

ЦЕЛ СВЕТ МУ СЕ СМЕЕ: Двејн Џонсон сака да биде новиот Џејмс Бонд

Vecer | 18.11.2021

ЦЕЛ СВЕТ МУ СЕ СМЕЕ: Двејн Џонсон сака да биде новиот Џејмс Бонд

И додека сите дебатираат кој би требало да го наследи Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, неодамна за таа задача се понуди актерот Двејн Џонсон.

Оваа вест беше дочекана со потсмев бидејќи скоро никој не би можел да го замисли Двејн во улога на заводникот Бонд.

Сепак, актерот е сериозен во желбата да го наследи Крег, кој во улога на тајниот агент 007 го гледавме во 5 успешни продолженија.

„Би сакал да го наследам Крег и да бидам новиот Бонд“, вели Џонсон, додавајќи дека неговиот дедо го глумел негативецот во филмот „You Only Live Once“, петтото продолжение за Бонд.

„Дедо ми беше Бонд негативец и тоа е многу кул, но јас не сакам да бидам негативец. Сакам да бидам Бонд“, вели Џонсон во интервју за Esquire.

По соопштението дека Крег за последен пат го гледаме во улогата на тајниот агент во филмот „No Time To Die“, почнаа шпекулации кој ќе го замени. Во изборот влегоа Хенри Кавил, Том Харди, Идрис Елба, но одлуката уште не е донесена.

Иако никој не го сфати сериозно Џонсон во желбата да стане Бонд, само за потсетување, на почетокот публиката не можеше да го замисли ниту Даниел Крег во таа улога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk