logo
logo
logo

97-годишниот актер имал сообраќајна несреќа, изгубил контрола над возилото

Vecer | 22.03.2023

97-годишниот актер имал сообраќајна несреќа, изгубил контрола над возилото

Возел „ Lexus LS 500“ со кој удрил во големата влезна врата од куќата. Се вели дека актерот изгубил контрола над возилото поради лизгав пат по силниот дожд во Лос Анџелес. Извори блиски до Дик велат дека актерот по несреќата крварел од носот и устата, но дека се здобил само со полесни физички повреди. Ван Дајк добил лекарска помош на местото на несреќата, но тој не отишол во болница на дополнителни контроли.

„TMZ“ пишува дека актерот не бил под дејство на дрога и алкохол, но полицијата наводно побарала актерот повторно да полага возачки испит. Како една од причините за пријавата ја наведоа неговата возраст.

Инаку, Дик имаше свое шоу, „The Dick Van Dyke Show“, а е познат по улогите во мјузиклот Мери Попинс од 1964 година и продолжението Мери Попинс се враќа од 2018 година.

Актерот и претходно често нагласуваше дека и покрај поодмината возраст се уште е во добра форма. Во емисијата „This Morning“ на CBS, тој еднаш без напор изведе серија вежби во неговиот дом во Малибу. „Значи, сите постари, слушајте ме. Ви велам, мора да продолжите да одите напред. Јас сè уште танцувам и пеам“, рече Дик тогаш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk