Нина Агдал (29) е една од успешните манекенки чии слики ги красеа насловните страници на водечките модни и спортски списанија.
Како тинејџерка беше откриена на улиците на нејзиниот роден град, а бидејќи немаше никакво искуство, агентите и предложија да учествува на натпреварот „Elite Model Bow“. Таа не победи на натпреварот, но веднаш потпиша договор со агенцијата и го продолжила своето образование до 18 години.
View this post on Instagram
Кога заврши средно училиште, се пресели во Америка, каде нејзината кариера беше неверојатен успех. Таа стана заштитно лице на многу брендови, снимаше едиторијали и насловни страници за сите водечки модни и спортски магазини, а круна на сето тоа беше тоа што ја краси насловната страница на јубилејното педесетто издание на „Sports Illustrated Swimsuit“.
Во манекенските кругови велат дека нејзиното тело е „премногу раскошно“, а Нина во интервју за „Гламур“ изјави дека некои модни списанија ги фотошопирале нејзините фотографии, а некои дури и јавно ја исмевале поради нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
Сака да потенцира колку добро се чувствува во својата кожа и тело и дека тоа не би го менувала за ништо.
Нина беше во врска и со познатиот Леонардо ди Каприо, 17 години постар од неа, а на кого, како што тогаш пишуваа светските медиуми, таа му беше 10-тиот ангел на Викторија.
Тие раскинаа во 2017 година, по една година гледање и останаа пријатели.
View this post on Instagram