logo
logo
logo

БИВШАТА ЉУБОВНИЦА И БИВШАТА ВЕРЕНИЦА НА ДАРКО ЛАЗИЌ ВЛЕГУВААТ ВО “ЗАДРУГА“: Едната подготвена, а другата му подготвува одмазда

Vecer | 25.10.2021

БИВШАТА ЉУБОВНИЦА И БИВШАТА ВЕРЕНИЦА НА ДАРКО ЛАЗИЌ ВЛЕГУВААТ ВО “ЗАДРУГА“: Едната подготвена, а другата му подготвува одмазда

Бившата партнерка на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ и неговата бивша девојка Оливера Матијевиќ наводно ќе влезат во реалното шоу Задруга.

Како што наведуваат медиумите, продуценти на Пинк преговарале со Марина, додека со бившата девојка на популарниот фолкер наводено веќе потпишала договор.

- Прво разговарале со Оливера со која Дарко ја изневерувал првата жена Ана Севиќ, а потоа и Марина Гагиќ. Таа минатата недека била во Белград и веднаш се согласила да влезе во Задруга. Ветила дека пред камерите ќе ги открие сите нечисти тајни за Дарко Лазиќ.

Пејачката наводно им прдложила да ја повикаат и Марина Гагиќ, со која неодамна станале пријателки.

- Оливера ја контактирала Марина преку Инстаграм штом слушнала дека Дарко ја напуштил. И рекла дека се кае што му била љубовница и се пожалила дека ги изиграл и двете. Наводно тие двете веднаш направиле план заедно да му се осветат на Лазиќ. Оливера веднаш после разговорот во Пинк заминала во Паќница кај Марина каде што разговарале заедно да влезат во Задруга.

Истиот извор наведува дека Гагиќ се двоумела околу влегување во реалити бидејќи има мало дете, но и дека има голема желба има да му се освети на Дарко кој не плаќа алиментација“.

- Дарко недава пари за синот Алексеј и ретко го гледа. Марина сватила дека ако таа не обезбеди за синот иднина, нема никој, и веќе договорила состанок со челниците во Пинк каде што за добар хонорар ќе се согласи и заедно со Оливера да влезат во реалити - вели изворот Информер.ср

Дарко многу се налутил поради заедничките слики на Оливера и Марина и во таа прилика рекол дека не го интересираат повеќе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk