logo
logo
logo

ЦЕЦА ПРВА НА ЈУТЈУБ! Со парите што ги заработува може да купи осум стана

Vecer | 23.10.2021

ЦЕЦА ПРВА НА ЈУТЈУБ! Со парите што ги заработува може да купи осум стана

Светлана Цеца Ражнатовиќ ги урива сите рекорди кога станува збор за заработката од прегледи на Јутјуб, со што од 2012 до денес комотно може да купи осум големи стана во Белград.

Кога е во прашање естрадата во соседството, Цеца е прва на оваа платформа надминувајќи милион следбеници, со што дополнително и е зголемена заработувачката, па на Јутјуб може да вметне и реклама. На годишно ниво Цеца инкасира околу 100.000 евра, притоа може да заработува и кога одмора дома.

- Кога се во прашање пејачите, Цеца прва собрала милион следбеници. Тоа дополнително влијае врз приливот на заработка, па заедно со прегледите на годишно ниво зема сериозна сума пари. Јутјуб на крај на секоја годината ги исплаќа изведувачите бидејќи полесно е така отколку да се префрлаат пари секој месец. Цеца на песните има во просек од 10 до 40 милини прегледи, поради што го држи рекордот на овие простори.

Фолк дивата од Јутјуб каналот има чиста заработка бидејќи со никого не ги дели приходите, одредена сума дава на луѓето кои ги водат нејзините социјални мрежи.

- Цеца нема потпишано договори со ниедна продукција за разлика од повеќето пејачи, и со никого не мора да го дели приходот. Јутјуб на неспонзорирани канали како што е на Цеца, заработувачката ја исплаќа во целост еднаш годишно. Поради големата популарност пејачката добила дополнителна понуда за работа, со што на својот канал пушта реклами бидејќи е најмногу посетен. Цеца во јавноста не сакала да зборува на оваа тема, но во едно интервју истакнала дека за сечија работат зборуваат бројките кога е во прашање публиката на концертите, како и прегледите на песните, заклучил соговорникот за Ало.ср

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk