logo
logo
logo

“Гола ја исфрлив надвор... “! Лепа Лукиќ го фатила сопругот на дело со љубовницата

Vecer | 23.10.2021

“Гола ја исфрлив надвор... “! Лепа Лукиќ го фатила сопругот на дело со љубовницата

Пејачката се мажела дури четири пати, а својот трет партнер го фатила во неверство.

Лепа Лукиќ имала бурен љубовен живот. Се мажела дури четири пати, а еден од своите партнери го фатила на дело, во неверство.

Имено, после разводот од Тома Лукиќ, со кого, како што и самата раскажала преживеала пекол поради неговата љубомора, Лепа 1977 година се мажи за тогашниот успешен менаџер Владимир Перовиќ, а нивниот брак траел седум години. Пејачката го фатила Владо во неверство, и тоа во нивниот семеен дом.

Изневерувањето било причина за раскинување на нивната брачна заедница, а Лепа своевремено во јавноста објаснила како изгледала оваа непријатна ситуацција, кога сватила дека животниот партнер и е неверен.

- Му реков дека одам десет дена во странство да пејам. Ме однесе на аеродорм. Цмок, смок. Јас ко бајаги, одам, но се вратив истата вечер. Ги затекнав како се распослале во спалната. Нејзе ја исфрлив надвор онака гологаза! Ме молеше да и ја дадам облеката, но не и ја дадов. Отполсе и ја фрлив по скалите и ја избркав надвор – раскажала пејачката пред неколку години во ед но интервју.

Инаку, Лепа после Владо се омажила за Милан Милановиќ 2000. а со него бола во брак се до неговата смрт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk