logo
logo
logo

Како се случи несреќата во која актерот Болдвин у*и колешка и рани режисер? Еве ги првичните детали (ВИДЕО)

Vecer | 22.10.2021

Како се случи несреќата во која актерот Болдвин у*и колешка и рани режисер? Еве ги првичните детали (ВИДЕО)

Глумецот Алек Болдвин бил испрашан од истражителите откако ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот на снимање филм. Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа... пукна со пиштол... несвесен дека во него има вистински куршуми“.

Халина Хачинс, која беше директор на фотографија, им подлегна на раните, додека режисерот Џоел Соуза „е на лекување за повредите“, соопшти Одделот на шерифот на округот Санта Фе.

Портпаролот на продукцијата за Дедлајн рекол дека инцидентот се состои од „грешка во пукање со реквизит-пиштол со ќор-фишеци“, инсистирајќи дека „безбедноста“ на актерската екипа е „главен приоритет“. Снимањето е прекинато, а филмскиот град е ставен во блокада поради инцидентот.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Раст“. Директорката на фотографијата Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испука куршум од реквизит“, се вели во полициското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk