logo
logo
logo

БИКОВИЌ ОТКРИ СЕ ЗА ПОЗНАСТВОТО СО ЏОНИ ДЕП - Што го изненадило

Vecer | 21.10.2021

БИКОВИЌ ОТКРИ СЕ ЗА ПОЗНАСТВОТО СО ЏОНИ ДЕП - Што го изненадило

Џони Деп повторно ја посети Србија, а во главниот град го промовираше прв анимиран филм кој е направен во Србија. Во прашање е "Puffins Impossible",  каде Деп го дава својот глас на главниот лик, а на овој проект соработуваше со Милош Биковиќ.

Како го запозна Џони Деп и каков е тој приватно?

- Го запознав денес. Таа соработка се одвива преку нашиот заеднички пријател Андре Јерволина и денес го имав тоа задоволство да го запознаам и да разговараме. Многу пријатен човек, неверојатно е скромен и навистина е вљубен во Србија.

Колку овој настан е значаен за нашата култура?

- Мислам дека ваквите настани имаат големо значение и дека ние произведуваме содржина во Србија која е креативна, анимирана во склоп со текот и технолошкиот развој. Поточно ние стануваме, не само во светот, туку и лидери во светот. Мислам дека тоа е многу важно.

Дали разговаравте за уште некоја соработка и како течеше разговорот? Што го научи да каже на српски?

- Да, во рамки на оваа моментална соработка, но можно е да се сретнеме и на платно. Тој веќе зборува српски, некогаш и подобро од некои мои колеги - пришува Србија данас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk