logo
logo
logo

ЕСТРАДАТА ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Илјадници eвра за новогодишни настапи, а еве за кој ФОЛКЕР НАЈМНОГУ ќе лапне!

Vecer | 17.10.2021

ЕСТРАДАТА ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Илјадници eвра за новогодишни настапи, а еве за кој ФОЛКЕР НАЈМНОГУ ќе лапне!

Многу пејачи и пејачки од естрадната сцена објавиле дека веќе закажале настапи за пречек на 2022 година.

Познатите често кријат колку пари заработиле во “најлудата“ ноќ, и јасно е дека могумана од нив ќе бидат побогати за неколку илјади евра.

Рекордер би можел да биде популарниот пејач Саша Матиќ кој 31 декември ќе заработи дури 50.000 евра. Саша ќе настапува во еден луксузен хотел во Белград, овој настап го закажал уште минатата година.

Слоба Радановиќ би требал оваа година да добие 30.000 евра, а исто толку и неговата колешка Дара Бубамара.

Рада Манојловиќ и Пеѓа Меденица ќе пеат на еден сплав во Белград, каде што требале да бидат за дочек минатата година. Тие двајца оваа година ќе земат 50.000 евра.

Радиша Трајковиќ Џани ќе настапи во еден хотел. Тој за новогодишната тезга ќе земе 40.000 евра. Ацо Пејовиќ ќе настапи во луксузен хотел во Белград за 45 илјади евра.

Аца Лукас ќе настапи во една популарна кафана и ќе добие 50.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk