logo
logo
logo

Во правната битка ќе се вмеша и ФБИ: Таткото на Бритни ѝ го прислушувал телефонот со цел да ја контролира

Vecer | 28.09.2021

Во правната битка ќе се вмеша и ФБИ: Таткото на Бритни ѝ го прислушувал телефонот со цел да ја контролира

Новиот документарен филм за Бритни Спирс открива дека таткото Џејми Спирс имал толку многу контрола врз животот на поп-sвездата, што дури ги надгледувал нејзините текстуални пораки, телефонски повици и историјата на интернет-прелистувањето.

Пејачката, која почна правна битка за да си ја врати контролата над својот живот и финансиите, наводно го изненадила својот тим кога побарала нов „ајфон“, а обезбедувањето добило инструкции да инсталира родителски надзор на телефонот за да може други луѓе да добијат пристап до нејзините пораки, повиците и до историјата на прелистувањето.

Говорејќи во новиот документарен филм Controlling Britney Spears – објавен во петокот, Алекс Власов, поранешен член на обезбедувањето (Black Box Security) од 2012 до 2021 година, рече: „Бритни сакаше да набави ‘ајфон’ и тоа беше многу чудно. Сите бевме загрижени“.

„Мојот шеф (Идан Јемини) ми пријде и ме праша: Дали постои начин за следење ‘ајфон’? И кога му реков да појасни на што мисли, тој одговори: „Па, родителски надзор (Parental Control). Дали може да се инсталира родителски надзор на ‘ајфон’“?

„И тогаш Идан ми објасни дека комуникацијата на Бритни се следи за нејзина сопствена безбедност и заштита“.

Алекс не бил сигурен во законитоста на таквото барање и му било кажано дека судот знаел за следењето на нејзините комуникации, што на крајот доведе до клонирање на телефонот на Бритни на „ајпад“, кој бил чуван во сеф.

„Идан ми рече: ‘Да, судот ова го знае. И адвокатот на Бритни исто така. Ова е за нејзина безбедност. Ова е за нејзина заштита’“.

Новиот адвокат на 39-годишната пејачка, Метју Розенгарт, вети дека „целосно и агресивно ќе ги испита овие работи“.

Тој нагласи: „Прислушувањето или следењето на комуникациите на Бритни, особено светите комуникации адвокат – клиент, претставува срамно и шокантно кршење на нејзините права на приватност и граѓански слободи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk