logo
logo
logo

“УДРИЛА ПО МИЛИ И БОСАНЕЦ“ Ѓорѓе Давид за Цеца во “Ѕвездите на Гранд“, најавил карамбол пред камерите

Vecer | 25.09.2021

“УДРИЛА ПО МИЛИ И БОСАНЕЦ“ Ѓорѓе Давид за Цеца во “Ѕвездите на Гранд“, најавил карамбол пред камерите

Ѓорѓе Давид неочекувано се вклучил во емисијата од кревет, каде што зборувал за починатите колеги и своите обврски.

- Јас се раководам по тоа што мажите мора да одат на лов и навечер да донесат дивеч за своето семејство за да се нахрани – вели Давид, кој е затрупан со обврски, од театарски претстави, до снимање спотови за албум.

- Сега зависиме од ковидот, не знаеме како ќе се одвива ситуацијата. Им завидувам на Португалците, тие набрзо ќе ги укинат сите мерки, бидејќи вакцинирани се преку 80 посто од нив. Ми велат дека најмногу уметници починале од ковид, што не е ни чудно, бидејќи кога ќе слушнеме дека попуштена е некоја мерка, сите трчаме да настапиме за да заработеме некој динар. Ако сте на почеток на кариерата или сте голема музичка ѕвезда или сите чуствуваме промаја во џеповите – вели Ѓорѓе.

Го искоментирал и снимањето на новата сезона од “Ѕвездите на Гранд“ и рекол дека годинешниве учесници се многу добри. Ѓорѓе рекол дека Светлана Цеца Ражнатовиќ донела нова енергија во тимот.

- Цеца е некој кој донесе целосно друга боја, различна и многу интригантна. Таа е сериозен играч, тоа го покажа и во емисијата, на тоа многу и завидувам. На кец легна во приказната, влезе во “дувлото“ и тргна да гризе многу добро. Од емисија во емисија таа се отвора и се повеќе вклопува во играта. Во минатата емисија удри по Мили, а во оваа која ќе ја гледаме удри по Босанец. Не се сомневам дека ќе најде причина за секој од нас добро да го преслуша и да покаже колку е подготвена за игра. А потоа ќе следат контра удари. Многу е инспиративна и одлично се вклопи – рекол Ѓорѓе за Курир, најавувајќи дека се подготвува нов карамбол во новата сезона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk