logo
logo
logo

КАКО ВИНО: Супермодели кои со годините СЕ УШТЕ ИЗГЛЕДААТ БЕСПРЕКОРНО (ФОТО)

Vecer | 17.09.2021

КАКО ВИНО: Супермодели кои со годините СЕ УШТЕ ИЗГЛЕДААТ БЕСПРЕКОРНО (ФОТО)

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Тие со години ги освојуваат светските писти, а сега преку социјалните мрежи им покажуваат на фановите дека годините се како вино, колку постари толку подобри.

Ѕвездата на „Wicked game“ и познатиот супермодел од деведесеттите години привлекува внимание дури и на 52 -годишна возраст. Данската манекенка Хелена Кристенсен (52) позираше во црна долна облека, а остави малку на фантазијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

Синди Крафорд (55), која заедно со овие убавици е една од најуспешните модели на сите времиња, често ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи. Синди продолжува да позира гордо, покажувајќи совршено обликувано тело. Фановите ја фалат и истакнуваат дека не мора сите модели да паднат во заборав штом ќе наполнат одреден број години.

Клаудија Шифер (51) се соблече за Вог пред две години и ги воодушеви своите придружници.

Ел Мекферсон (57) се уште потврдува зошто го добила прекарот Тело. Можеби ќе видите години на нејзиното лице, но таа сепак ја одржува својата витка, манекенска линија со фитнес и грижа за здрава исхрана. Често дава совети за здрав начин на живот на својот Инстаграм.

Кристи Тарлингтон (52) исто така ја задржа својата убавина и витка линија, а често зборува за важноста на јогата на социјалните мрежи. За разлика од другите супермодели, тешко дека ќе ја видиме во провокативни изданија, но сепак можеме да и се восхитуваме на нејзината сензуална убавина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk