logo
logo
logo

ГАГА АНТОНИЈЕВИЌ изнел ШОКАНТНИ тврдења за ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ: Ова ќе ја запрепасти цела Србија

Vecer | 16.09.2021

ГАГА АНТОНИЈЕВИЌ изнел ШОКАНТНИ тврдења за ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ: Ова ќе ја запрепасти цела Србија

Не сум единствениот кој Драган Бјелогрлиќ го тепал, вели режисерот Предраг Гага Антонијевиќ.

Бидејќи доживеал напад од глумецот Драган Бјелогрлиќ, режисерот Гага Антонијевиќ тврди дека не е прв пат Бјелогрлиќ така да се однесува спрема колегите.

Имено, спрема зборовите на Антонијевиќ, Бјела пред дванаесетина години со братот Горан го претепале тонецот Бранко Ѓорѓевиќ на снимање на филмот “Војна во живо“ кој бил продуциран од нивниот “Кобра филм“.

Кога го снимале филмот “Војна во Живо“, Бјелогрлиќ го претепал тонецот Бранко Ѓорѓевиќ. Бранко најнормално барал да му се исплатат парите кој му ги должел за работа на филмот, а потоа жестоко го нападнал. Прво на него се нафрлил Драган, а потоа притрчал неговиот брат Горан Бјелогрлиќ и го тепале заедно – раскажува Гага и додава дека тој инцидент се одиграл пред повеќе луѓе: - Го ударале пред сите, затоа и знам за тој инцидент бидејќи ми раскажуваа луѓето кои се затекнале на сетот. Режисерот на филмот “Дара од Јасеновац“ верува дека луѓето не зборуваат јавно за суровото однесување на Драган Бјелогрлиќ бидејќи не сакаат да се замерат. Се плашат да не останат без ангажман на неговите проекти.

Предраг Антонијевиќ за Бјелогрчиќ вели дека треба да се извини поради дивјачкото однесување:

- Тој има тотално отсуство на емоции и недостаток на мозок кога не нашол за потребно да се извини на било кого поради скандалите кои ги направил, па дури и на организаторите на Филските средби во Ниш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk