„Едноставно ми е смачено да слушам политичари кои се расправаат меѓу себе без воопшто да се зафатат со работа“, вели 95-годишната Џина во интервју објавено во весникот „Кориере дела сера“.

Таа сака да се кандидира на кандидатската листа, на која е и Комунистичката партија.

„Италија е во лоша состојба, сакам да направам нешто добро и позитивно“, рече таа.

Џина, вели таа, разговарала со својот адвокат пред да ја донесе својата одлука. Инаку, поранешната актерка има старател кој судот ѝ го доделил по повеќегодишен семеен спор и не смее да носи самостојни одлуки за нејзиниот имот.

Лолобриџида претходно веќе се обидела да започне политичка кариера. Во 1999 година се кандидирала за Европскиот парламент, но не освоила доволно гласови.

„Во секој случај, тоа беше искуство. Во животот можеш да изгубиш и можеш да победиш“, рече таа.