logo
logo
logo

ВЕЉКО РАЖНАТОВИЌ СООПШТИ СРЕЌНИ ВЕСТИ, ќе има УШТЕ ЕДНО БЕБЕ: „Нема ЗАПИРАЊЕ“ На СРБИТЕ им упати силна порака

Vecer | 03.08.2021

ВЕЉКО РАЖНАТОВИЌ СООПШТИ СРЕЌНИ ВЕСТИ, ќе има УШТЕ ЕДНО БЕБЕ: „Нема ЗАПИРАЊЕ“ На СРБИТЕ им упати силна порака

Вељко и Богдана  сакаат да имаат пет или шест деца!

Боксерот  и син на фолк дивата Цеца, Вељко Ражнатовиќ со сопругата Богдана Ражнатовиќ веќе има едно дете, синот Жељко.

Сепак, како што сега откри младиот Ражнатовиќ, работат на проширување на семејството.

- Работиме на тоа нема запирање. Јас би сакал да имаме пет- шест деца. Сите Срби треба да поработат на зголемување на наталитетот, за да бидеме што повеќе да не исчезнеме како народ – рекол Вељко, а потоа откри каква е неговата мајка како баба.

- Цеца е доста грижлива, таа го размази Жељко за разлика од Богдана и мене кои сме малку построги. Го праќаме синот кај Цеца на два дена и се враќа невозможен. Го разгалува во се. Со мене не беше така попуслива – признал Вељко.

Веруваме дека таква ќе биде и спрема другите внуци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk