logo
logo
logo

"Сењоритa" ги преплави светските медиуми откако беше фотографирана во бикини: „Што ѝ се случило на оваа девојка?“

Vecer | 07.06.2021

"Сењоритa" ги преплави светските медиуми откако беше фотографирана во бикини: „Што ѝ се случило на оваа девојка?“

Пејачка Камила Кабељо и 22-годишниот Шон Мендез неодамна биле фотографирани на плажа во Мајами, но овој пат сите очи биле вперени кон 24 годишната Камила.

Имено, кубанско-американската пејачка самоуверено ги покажала своите „маани“ односно вишокот килограми и целутитот јасно покажувајќи дека воопшто не е преоптоварена со тоа како изгледа.

Интересно е што пејачката често го галела својот стомак, што дополнително поттикнало гласини дека е бремена.

Иако таа не обрнувала внимание дека ја фотографираат во вакво издание, нејзините фотографии веднаш ги преплавија светските медиуми и социјалните мрежи.

„Што ѝ се случило на оваа девојка?“, „Карантинот е виновен“, „Во шок сум“, гласат коментарите на социјалните мрежи, но има и такви кои застанале во одбрана на Камила:

„Престанете да го срамите телото на Камила и да прашувате што не е во ред со Шон Мендез што излегува со неа. Да се има малку прекумерна тежина е сосема нормално“.

Инаку Камила и Шон ја започнаа својата врска кон почетокот на 2019 година. Некои тврдат дека тие се заљубиле и претходно еден во друг, само добро го криеле тоа со своите музички соработки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk