Водителот Воја Недељковиќ неодамна раскажал незгодна ситуација која му се случила на Саша Поповиќ.
Имено за време на баражот еден натпреварувач случајно го удрил микрофонот кој го држел Поповиќ, и притоа му го скршил забот.
Поповиќ го држел микрофонот и кажувал кој кандидат оди понатаму, а кога му се приближил на кандидатот и го кажал неговото име, тој од возбуда рипнал и со раката удрил во микрофонот.
Во тој момент, не ни забележал дека со лактот удрил во микрофон и притоа го удрил Саша и му го скршил забот.
Поповиќ во тој момент се тргнал и го прашал Војо дали се гледа пукнатина, а потоа продолжил да ја работи својата работа, како ништо да не се случило.