logo
logo
logo

Ана ја изневерија со танчерка, Тијана наводно со келнерка, ВИСТИНАТА ЗА НЕВЕРСТВАТА НА ЕСТРАДАТА

Vecer | 26.05.2021

Ана ја изневерија со танчерка, Тијана наводно со келнерка, ВИСТИНАТА ЗА НЕВЕРСТВАТА НА ЕСТРАДАТА

Јавните личности генерално сакаат да ги има во медиумите, но кога ќе дојде до изневерување сакаат да бидат анонимни. Во нивните животи има скандали, расправии, но неверства кои ја тресат јавноста. Многумина од нив решија да ги спасат своите бракови после таквите настани, додека некои решително решија да се збогуваат од нивниот заеднички живот, што не им беше лесно.

Ана Кокиќ и Никола Раѓен: Ватерполистот имаше афера со танчерка

За излетите на Никола Раѓен често се пишуваше, а најголемиот скандал избувна кога се откри дека ватерполистот ја изневерил сопругата со танчерката Гога, кој играше во клубовите каде настапуваше Ана. Иако во тоа време се шпекулираше дека ќе се разведе, Ана му прости. Се пишуваше му простила афера и со Николија Јовановиќ, но и покрај тоа, нивниот брак не успеа.

Оља и Драган Којиќ: Пејачот најде утеха во Љиљана Јевремовиќ

Медиумите со децении пишуваа за аферата на пејачот со Љиљана Јевремовиќ, која тврди дека му ја родила неговата ќерка Ина. Кеба го негира татковството, а неговата сопруга еднаш реши да проговори.

- Мојата повредена суета не може да се спореди со количината на каење и болка што ја чувствува Драган. Јас воопшто не размислувам за себе, и така е од првиот момент на тој непријатен настан. Нема грев што не може да се прости, само тој за кој не си се покајал, а Драган се покаја - откри Оља и додаде:

- Ми кажа сè за тоа, дури и повеќе отколку што сакав да знам. Искреноста е најважната работа, но ние често се караме,  нема само мед и млеко. Имавме многу проблеми во бракот, но ако се грижите за некого, треба да трпите поинакво мислење.

Тијана и Милан Дапчевиќ: Ја изневери пејачката со келнерка

Приказната дека Милан ја изневерил Тијана со келнерката одекна како бомба во медиумите. Детали ги исполнуваа страниците, а пејачката, која дотогаш беше активен соговорник во медиумите, замолче. Кога на крајот се појавија заедно на еден настан, беше јасно дека пејачката му простила. Подоцна во интервјуата, таа не се осврна на овој период од нивниот брак, која што беше пред доаѓањето на нејзиниот син, пишува Блиц

- Не би простила неверство. И да ме лаже или да ме изневерува, но не само поради нашата врска, туку и поради пријателството. Не мислам дека некогаш би можела да го преболам тоа - рече Тијана пред неколку години.

Весна и Џоле Џогани: Се правдаа дека сè е монтажа

Весна и Џоле Џогани се најдоа во центарот на вниманието на јавноста поради видео емитувано во емисијата „Лов на Папарацо“, во кое тој се бакнува со непозната жена, за која се покажа дека е долгогодишен пријател и соработник. Сепак, двајцата во медиумите тврдеа дека немало неверство.

- Морам да кажам дека не се зборува за никакво неверство. Се чувствував чудно. Не сакам ваков маркетинг ни за мој најголем непријател. Луѓето кои не познаваат веднаш рекоа дека тоа не е вистина - рече Весна, и додаде:

- Ова не е вистина. Таа е наш деловен соработник кој го води нашиот бизнис. Секојдневно сме во контакт со неа. Ние двајцата разговаравме. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Тој не е од јавниот свет и не знае за што станува збор. Кога и се јавив, ја прашав дали е добро и и реков дека не се сомневам дека има нешто - истакна Весна

Топалко и Весна: Ја изневери сопругата со Атина Ферари

Милан Топаловиќ Топалко важи за еден од најневерните пејачи на сцената. Како што се шпекулираше, тој ја изневери сопругата Весна со старлетата Атина Ферари, а подоцна и со младата учесничка во Ѕвездите на Гранд. Сепак, тие не погледнаа наназад во тие приказни и се уште се во брак и денес, а Весна започна својата музичка кариера. Топалко отсекогаш се лутеше на прашања за неверство кога станува збор за медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk