logo
logo
logo

СИ КУПИЛА ВИЛА ОД КАРИЌ, ВОЗИШ КОЛИ ОД 500.000 €! Ведрана Рудан ЖЕСТОКО ДО Јована Јоксимовиќ... (видео)

Vecer | 25.05.2021

СИ КУПИЛА ВИЛА ОД КАРИЌ, ВОЗИШ КОЛИ ОД 500.000 €! Ведрана Рудан ЖЕСТОКО ДО Јована Јоксимовиќ... (видео)

Хрватската писателка Ведрана Рудан била гостинка во утринска програма кај водителката Јована Јоксимовиќ каде што го спомнала богатството во кое ужива со сопругот и пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Ведрана за време на разговорот ја испрашала Јована за скапоцената вила во која ужива, но ја прашала дали ги продала колите од 500.000 евра, кои се во нејзина сопственост.

“Јас да сум платена како вие, можеби поубаво ќе изгледав. Вие сте убави, а јас не сум? Не вложував во себе. Јас ќе бев многу поубава да ги имав вашите пари!, рекла Ведрана, каде што Јована ја прекинала со насмевка:

“Што сте запнале за моите пари?“

“Ве гледам во Глорија со двете преубави дечиња, имате џип најнов“, рекла Ведрана, но Јована ја поправила “три деца“.

“Двете, се поатрактивни овие близначиња, па најнов џип 250.000...“

“Тоа го гледате на Пинк, а што се смени откако се видовме последниот пат?, прашала Јована за Ведрана да ја праша:

“Што, ги продадовте автомобилите?“

“Не“, рекла Јована, а потоа Ведрана распалила:

“Ете. Јас гледам некој кој вози две коли од 500.000 кои купиле од некој Криќ вилиште, па парашај го Господ – мислам, вау, а уште е и убав“ рекла Ведрана, а Јована со смеење рекла: Добро се омажив, мислам супер се омажив“.

Писателката потоа рекла дека Жељко подобро се оженил отколку што таа се омажила, на кое Јована одговорила “Не ни мислев дека за мажите ќе кажете убави зборови“.

“Па сега јас не знам ни дали вашиот сопруг е маж, знаете тоа е толку широк поим...“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk