logo
logo
logo

"На 19 години ме силуваше и ме остави бремена на улица": Лејди Гага со потресна исповед

Vecer | 21.05.2021

"На 19 години ме силуваше и ме остави бремена на улица": Лејди Гага со потресна исповед

Лејди Гага за првпат јавно говореше за тоа како била силувана и забременила, но и за болката и процесот на заздравување што следувал подоцна.

Деновиве серијалот The me you can’t see на принцот Хари и водителката Опра Винфри што е посветен на менталното здравје е мошне актуелен како поради искрените изјави на Хари, така и поради изјавите на некои други славни личности.

Така пејачката Лејди Гага во ова шоу говореше за најтемните моменти од нејзиниот живот.

Иако навидум сè изгледа совршено за младата пејачка и актерка - има совршена кариера, добро момче, ужива во гламурозен животен стил, таа сепак призна дека сè уште има проблеми со своето ментално здравје и сè уште има проблем со нештата што ја присеќаваат на траумите од минатото.

Гага открива дека верувала дека за менталното здравје ќе треба да се грижи само додека била помлада, но сега сфатила дека тоа е процес што трае.

Таа низ солзи ја сподели приказната за тоа како се „само-повредувала“ и дека смета дека тоа било начин за да ја покаже болката што ја чувствувала во себе.

„Мислев дека моето ментално здравје беше проблем само кога бев многу млада. Порано се сечев. Имав искуство со злоупотреба и навистина е мошне тешко за мене да се искажам на начин што мислам дека е безбеден за младите, па и повозрасните луѓе да разберат зошто некој би се сечел. Верувам дека тие потреби, за мене, доаѓаа оттаму што морав да ја покажам болката што ја чувствував одвнатре“, вели таа.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=i-EOl6aXJVk&feature=emb_title[/embed]

Таа напомена дека била и силувана, но нагласи дека нема да го именува сторителот. Ги поздрави сите оние што досега го сториле тоа и ги именувале насилниците, но вели дека одлучила никогаш повеќе нема да не го спомне тој што ја злоупотребил, ниту пак ќе се соочи со него.

Низ солзи и мошне емотивно почна да се присеќа на настаните:

„Имав 19 години и веќе работев во музичката индустрија и еден продуцент ми рече: ’Соблечи сe', a јас одбив и си заминав... Потоа ми се јавија и ми рекоа дека ќе ја уништат мојата музика. Не престана со барањата и само се смрзнав и… Не се сеќавам. Нема да го кажам неговото име, го разбирам #MeToo движењето и разбирам дека голем број луѓе се слободни да говорат за тоа. Јас не сакам никогаш повеќе да се сретнам со таа личност“ - вели таа.

-Бев болна со недели сè додека не сфатив дека болката што ја чувствувам е иста со онаа што ја чувствував кога личноста што ме силуваше ме фрли бремена на аголот пред куќата на моите родители. Бев заклучена во студиото со месеци“ , открива Лејди Гага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk