logo
logo
logo

ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ПРИЗНА: Не сакам да сум дел од тоа семејство, погледнете што и направија на мајка ми Дијана

Vecer | 15.05.2021

ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ПРИЗНА: Не сакам да сум дел од тоа семејство, погледнете што и направија на мајка ми Дијана

Принцот Хари во своето гостување на подкастот „ Armchair Expert “, водено од холивудскиот актер Дакса Шепард открил досега непознати детали од животот.

Имено, тој отворено говорел за неговото запознавање со Меган Маркл, и го споредил животот во кралското семејство со животот на Труман Бурбанк, кого камерите го следат неговите стапки уште од раѓањето.

"Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме состанок во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познаваме, си испраќавме пораки едни на други. Луѓето ме гледаа, ми праќаа чудни погледи, доаѓаа кај мене да ме поздрават,„рече Хари.

[caption id="attachment_864238" align="alignnone" width="1500"] CAPE TOWN, SOUTH AFRICA - SEPTEMBER 23: Meghan, Duchess of Sussex and Prince Harry, Duke of Sussex visit the District Six Homecoming Centre during their royal tour of South Africa on September 23, 2019 in Cape Town, South Africa. (Photo by Karwai Tang/WireImage)[/caption]

"Имав капа на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гуми за џвакање има на подот, тотален хаос", додава тој.

Тој призна дека никогаш не се чувствувал вклопен во кралското семејство.

"Тоа е работа, нели? Стави насмевка и оди понатаму. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направија на мајка ми. “, признал Хари, при тоа додавајќи дека знае како изгледа зад сцената и дека не сакал да биде дел од тоа.

Меган го охрабрила Хари да побара помош од психотерапевт затоа што постојано бил лут поради мешањето на медиумите во неговиот живот.

"Кога започнав да одам на терапија, се чинеше дека балонот пукнал. Ја извадив главата од песок, добро ја протресов и сфатив дека сум во привилегирана позиција, да престанам да се жалам и да престанам да мислам дека сакам нешто поразлично", рече тој.

Пред седум години, го започнал спортскиот настан Игри Инвиктус за да им помогне на другите и да си помогне себе си.

"Сфатив дека морам да ги променам работите затоа што не можам да се извлечам. Се прашував како да се направат работите поинакви, како да се направи мајка ми горда и да ја искористам платформата за да направам вистински промени", вели Хари.

Тој рече за тако му Чарлс дека страдал поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета, а тоа потоа го засегнало и него. Чарлс се однесувал кон Хари како што се однесувале Филип и Елизабета кон него.

„Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдал од болка што ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус за да не го пренесам “, заклучува Хари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk