logo
logo
logo

Тажната судбина на познатата манекенка: Некогаш важеше за секс симбол, а сега се храни од контејнери и е зависник од дрога!

Vecer | 22.04.2021

Тажната судбина на познатата манекенка: Некогаш важеше за секс симбол, а сега се храни од контејнери и е зависник од дрога!

Поранешната манекенка Лони Вилисон (37) некогаш важеше за секс симбол и беше една од најпосакувани жени. Денес таа едвај преживува низ улиците на Лос Анџелес.

Впрочем, Лони беше во брак со со sвездата на „Чувари на плажата“ Џереми Џексон од 2012 до 2014 година, а потоа исчезна во 2018 година кога нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да отиде во клиника за рехабилитација за да ги реши нејзините ментални проблеми и зависноста од дрога.

Нејзиниот брак пропадна по серијата расправии под дејството на алкохол.

Откако две години се сметаше за исчезната, Лони беше пронајдена во Лос Анџелес минатиот октомври, каде живее како бездомничка, а нејзините најнови фотографии ја растажија јавноста.

Папараците ја снимиле Вилисон додека му се смеела на странец кој ѝ давал храна, а на фотографиите објавени од британски „Сан“ се гледа дека ѝ недостасува предниот заб.

Нејзините нови потресни фотографии се појавија само неколку месеци откако беше снимена како „копа“ во контејнер во потрага по храна.

Лони во претходното интервју за „Сан“ призна дека заглавила, а открила дека завршила на улица откако доживеала нервен слом.

Уште една поранешна партнерка на Џереми, Синди Ковач, коментирала за британскиот таблоид дека актерот одбил да ѝ помогне на Лони откако се разделиле во 2014 година.

– Многу е тажно тоа што ѝ се случи на Лони и што никогаш не ја доби потребната помош – рекла Синди, додавајќи дека ѝ било лошо од начинот на кој Џереми се однесувал кон неа.

Откако нејзините пријатели ги видоа фотографиите како Лони бара храна во контејнери, започнаа акција за да ја отстранат од улицата.

Тие не успеаја во тоа, бидејќи Лони, наводно, само се истуширала и јадел во хотелот и повторно се вратила на улиците.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk