logo
logo
logo

Фонда: И на 83 години фантазирам за секс, а сакам да најдам помлад маж!

Vecer | 22.04.2021

Фонда: И на 83 години фантазирам за секс, а сакам да најдам помлад маж!

Холивудската акерка Џејн Фонда, која е пример за тоа колку човек може да зграчи со самодоверба и на 83 години се уште тврди дека најдобриот дел од животот е пред неа.

Впрочем, таа зад себе има многу награди, признанија - вклучувајќи и два Оскари и четири Златни глобуси а Американскиот филмски институт во 2014тата и додели и награда за животно дело.

Таа во едно интервју во кое што се присетила на почетокот на кариерата открила пикантерии од љубовниот живот:

„Треба ли да го кажам ова? Но, ќе бидам искрена. Една од болните работи кои што ги сфатив до 80-та година е дека повеќе не сум способна за интимност. Ни мажите на мои години не се способни за тоа. Сексуалниот живот во овој дел од животот не постои. Сега да се појави некој тип и да ме праша дали сакам да бидам со него во кревет, би побегнала“, искрено одговорила Фонда, при тоа додавајќи дека постојано фантазира за секс, како и дека тоа е единствената работа која можам да ја правам во врска со тоа.

Фонда и додадала дека и недостасува сексот и чувството на интимност.

„Секако дека ми недостасува сексот и тоа чувство на интимност, но во овие години едноставно не сте способни за такви работи. Без оглед што сум фит, тешко е тоа. Но, уште потешко им е на мажите. Тие по 70-тата година можат да заборават на авантурите во кревет“, изјавила таа.

Иако повеќе не сака сексуална врска, Фонда вели дека не ја исклучува можноста од повторно пронаоѓање на љубов, под еден услов - тоа да биде помлад маж.

„Знам дека многумина сега ќе ме осудат за ова, но едноставно би сакала помлад маж кој што уште има сила за сето тоа што би сакала да го пробам“, изјавила таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk