logo
logo
logo

Цел живот ме осудувате и ми викате дека сум дебелата и грда сестра - епа еве како изгледа моето тело (ВИДЕО)

Vecer | 08.04.2021

Цел живот ме осудувате и ми викате дека сум дебелата и грда сестра - епа еве како изгледа моето тело (ВИДЕО)

Како реакција на нејзината фотографија која беше објавена без дозвола, Клои Кардашијан сподели неколку видеа, сакајќи да покаже како навистина изгледа нејзиното тело.

Таа и додаде дека цел нејзин живот чувствувала притисок од јавноста да изгледа совршено.

„Цел живот сум осудувана од сите: ’Клои е дебелата сестра‘. ’Клои е грдата сестра‘, да продолжам?“ – со видео во живо од своето голо тело и со искрена исповед за притисоците да изгледа совршено, Клои се огласи по критиките откако се обиде да ја отстрани нефотошопираната фотографија.

Најпрво таа во живо сподели видео каде го соблекува блузонот што го носисе со цел да го покаже тонираното тело.

Потоа сподели и видео во живо на кое носи само гаќички, а градите ги покрива со рацете.

„Да, направив лајв видео за да ви покажам дека ова не е фотошопирано“, пишува во описот.

Покрај двете видеа, Клои и објаснува зошто побарала да се тргне фотографијата од неа, нагласувајќи дека постојано чувствува притисок да изгледа совршено.

„Ова сме јас и моето тело без филтри. Фотографијата што беше споделена неделава е убава. Но, како личност којa цел живот се чувствува несигурно за своето тело, кога некој ќе направи фотографија на која не изгледаш баш најдобро и на која не се познава дека напорно си работел за да стигнеш дотука – а потоа ја споделува со целиот свет – го имаш целото право да побараш да не биде споделувана, без разлика кој си.

Искрено, притисокот, постојаното потсмевање и судењето што ги чувствувам целиот живот за да изгледам совршено и да ги исполнам туѓите стандарди за тоа како треба да изгледам се премногу за мене. ’Клои е дебелата сестра‘. ’Клои е грдата сестра‘. ’Нејзиниот татко сигурно не ѝ е вистински татко бидејќи изгледа многу поразлично‘. ’Сигурно ослабела со операција‘.

Да продолжам?

Но кому му е грижа, бидејќи таа порасна со привилегии. Таа е на ријалити шоу, па сигурно се согласила за сето ова. Се разбира, не барам да ме сожалувате, туку барам да сфатите дека сум човек.

Не сум совршена, но тврдам дека секој ден се обидувам да живеам што поискрено, со емпатија и добрина. Ова не значи дека не сум направила грешки. Но, нема да лажам. Речиси неподносливо е да се обидувам да ги исполнам стандардите што ми ги наметна јавноста“.

Клои и додава дека цела деценија, нејзините недостатоци биле анализирани и била исмејувана за најмалите нешта.

„А, кога ги користам критиките како мотивација за да се подобрам, па дури и да им помогнам на другите со исти проблеми, ми велат дека не сум го направила тоа со напорна работа, туку дека сум платила“.

А сето ова ја ја натерало да мисли дека таа не е доволно добра и дека никогаш нема да биде убава ако биде своја.

„Имам добар филтер, добро светло и одвреме-навреме уредувам некоја фотографија. Исто така, се шминкам, си ги правам ноктите или носам штикли за да се претставам како што јас сакам и ќе продолжам да го правам тоа, без извинување. Моето тело и како сакам да изгледам и што да споделувам е мој избор. Никој не може да одлучува или да суди што е прифатливо, а што не“.

На крај, Клои испраќа порака до сите кои го чувствувале истиот притисок и имале проблеми со ниска самодоверба:

„За оние кои постојано чувствуваат притисок дека не се доволно совршени, сакам да знаете дека ве разбирам. Секој ден, семејството и пријателите кои ме сакаат ми велат дека сум убава, но знам дека и јас морам да верувам во тоа. Сите ние сме уникатни и совршени на свој начин. Сфатив дека не можеме да го живееме животот обидувајќи се да го постигнеме совршенството што другите ни го наметнале. Само бидете свои и осигурете се дека срцето ви е среќно“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk