logo
logo
logo

Ким сака, ама тој ја игнорира: Познато е зошто Канје не ги предал документите за развод

Vecer | 25.03.2021

Ким сака, ама тој ја игнорира: Познато е зошто Канје не ги предал документите за развод

Канје Вест е свесен дека Ким Кардашијан поднела барање за развод минатиот месец, но не верува дека е сериозна во врска со тоа.

„Тој не поднел ниту еден документ за развод затоа што сè уште не верува дека Кардашијан ќе го спроведе разводот до самиот крај“, изјави извор за „HollywoodLife“.

„Тој знае каква е Ким и дека таа навистина не го сака тоа. Инаку добар е, покрај сè. Тој не смета дека Ким навистина ќе стави крај на нивниот брак. Канје на тоа гледа како на потег во „шаховска партија“, па затоа не реагира, ниту превзема нешто и засега планира“, додал изворот.

Да потсетиме, Ким поднесе барање за развод минатиот месец, неколку дена пред Канје да исели некои од личните работи од нивната заедничка куќа во Калабасас. Тој ги зел и своите 500 пара патики, што сугерира дека не планира да се врати, а неодамна го променил и телефонскиот број и ја известил Ким дека може да го добие само преку неговото обезбедување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk