logo
logo
logo

Песни напишани со БОЛКА и по ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ

Vecer | 22.03.2021

Песни напишани со БОЛКА и по ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ

Големи љубови прекинати од болест, смрт или разделби ги поттикнале авторите целата своја емоција да ја претворат во стихови кои што значат живот.

Секој од нас се има пронајдено во некоја од нив, заради изгубени работи во животот, но овие песни се создадени како директна посвета на одредени луѓе, инспирирани од вистински настани. За некои, сигурни сме дека сте ги слушнале дури и приказните што стојат зад нив, но еве неколку такви.

Рибља чорба: Остани џубре до краја

Една од најпознатите југословенски манекенки, Билјана Невајда Шевиќ, беше извесно време во врска со фронтменот на бендот Бора. Кога го повикала да се збогуваат бидејќи решила да го продолжи животот во Сараево тоа многу го повредило Бора. Песната ја напишал токму во барот во кој се збогувале и песната стана еден од најголемите хитови, а велат дека песната ја свиреле и нај нејзината свадба.

Тома Здравковиќ: Е мој брате

Две легенди, Тома Здравковиќ и Зоран Радмиловиќ, биле одлични пријатели кои кога ќе се сретнеле заглавувале во кафана до рани зори. И во една прилика тие се сретнале и се договориле да одат, но само на едно пиво.

Пиеле едно, па друго, па друго и потоа донеле музичари. И така, тие останале до утрото. Кога Тома Здравковиќ се отрезнил, напишал текст чиј почеток бил

„Е мој брате,

Цигани ме следат,

и зора се раздени ... “

Бранимир Џони Штулиќ: Усне вреле вишње

Познат по тоа што пишувал песни за своите девојки, Џони песната ја посветил на тогашната девојка за која подоцна се испостави дека е Сњежана Бановиќ, театарски режисер. Тие биле заедно неколку години, а кога тој решил да ја повика во Холандија со него, таа го одбила, велејќи дека има уште еден маж во животот. Оттука произлегува целата инспирација за текстот и емоциите доживеани како резултат на одбивањето.

Индекси – Бацила је све низ ријеку

Оваа песна зборува за големата љубов на легендарниот пејач Даворин Поповиќ и анонимна девојка од Сараево. Кога двајцата требало да се венчаат, таа абортирала и исчезнала. По неколку години, на концерт во Шведска, Даворин наводно се бил убден дека ја гледа девојката. Тој го прекинал настапот, и се симнал меѓу публиката. За жал, Поповиќ ни тогаш ни потоа не ја сретнал повторно

Прљаво Казалиште – Ту ноч кад си се удавала

Ова е една од најголемите балади на бендот. Приказната вели дека членот Јасенко Хоура, имал девојка и кога отишол во војска, тој ја прашал дали ќе го чека. Таа одговорила потврдно. Меѓутоа, кога Јасенко се вратил, бендот имал закажано да свири на свадба, а тоа било нејзината.

Дарко Рундек: Ена

Се појавуваат различни верзии на вистинскиот настан за оваа песна, а една од нив ја вклучува и познатата почината актерка Ена Беговиќ, за која се верува дека била во врска со Рундек и која се обидела да му помогне да излезе од пеколот со дрогата. Втората верзија зборува за девојка по име Ена која отишла во  Канада откако не успеала да му помогне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk