logo
logo
logo

Психолог за однесувањето на ЈК во Ѕвездите на Гранд: Ги МОБИНГУВА кандидатите, ужива во туѓите СОЛЗИ

Vecer | 22.03.2021

Психолог за однесувањето на ЈК во Ѕвездите на Гранд: Ги МОБИНГУВА кандидатите, ужива во туѓите СОЛЗИ

Вања е дисквалификувана, а психологот вели дека во шоуто седат членови на жири кои вршат мобинг.

Пред три дена Вања Кнежевиќ е дисквалификувана од “Ѕвездите на Гранд“, бидејќи поделила објава на ФБ со навреди на сметка на Јелена Карлеуша.

Сепак, пламенот на социјалните мрежи не престанува да гори, особено на Инстаграм профилот на ЈК, која прво одлучила да не се занимава со “небитни луѓе“, а потоа продолжила со навредливи објави.

“Објектив“ во намера да слушне стручно мислење за односот на жирито кон кандидатите од “Ѕвездите на Гранд“ го поканиле психологот Радомир Чолаковиќ...

“Таквиот однос спрема талентите е една врста мобинг – псхичко малтретирање. Таа екипа функционира токму по шема на мобинг. Бираат жртва и на сите начини ја деградираат, омаловажуваат. Во тоа наоѓаат задоволство како секој мобер. Аудицијата е идеална прилика за моберите за ги задоволат своите потреби за афирмирање на својата личност по секоја цена. Уживаат во туѓи солзи. Кога би можеле солзите да зборуваат, ќе видете дека таа ситуација повеќе зборува за лицата кои ги оценуваат младите и талентирани луѓе“, рекол проф.др. Чолаковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk