logo
logo
logo

ДАРА И БАЛАШЕВИЌ БИЛЕ ПОВРЗАНИ ЦЕЛ ЖИВОТ: Глумицата и пејачот глумеле заедно, починале еден по друг

Vecer | 12.03.2021

ДАРА И БАЛАШЕВИЌ БИЛЕ ПОВРЗАНИ ЦЕЛ ЖИВОТ: Глумицата и пејачот глумеле заедно, починале еден по друг

Смрта на глумицата Даринка Дара Чалениќ денес многумина ги натажи, а потоа е откриена нејзината длабока поврзаност со пејачот Ѓорѓе Балашевиќ.

Дара починала во 87. година откако ја изгубила битката со тешка болест и тоа само неколку недели откако не напушти и легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Балашевиќ почина на 19 февруари во 67. година од последица на запаление на плуќа во Клинички центар Војводина

Покрај тоа што починале еден по друг, нивните судбини во текот на животот се преплетувале. Имено Дара и Балашевиќ глумеле во серијата “Поп Ќира и Поп Спира“ каде што Дара ја играла улогата на Перса, додека Балашевиќ го играл берберот Шандор.

Исто така, малку е познато дека и двајцата живееле и пораснале покрај Нови Сад место кој се викало Салајка.

Балашевиќ е погребан во кругот на семејството на гратските гробишта во Нови Сад каде што ќе почива и легендарната глумица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk