logo
logo
logo

Пирс Морган си даде отказ и и порача на Меган: Ти си за мене принцезата Пинокио и не ти верувам!

Vecer | 10.03.2021

Пирс Морган си даде отказ и и порача на Меган: Ти си за мене принцезата Пинокио и не ти верувам!

Британскиот ТВ водител, Пирс Морган поднесе оставка во „Ај-Ти-Ви“ (ITV) и повеќе нема да биде домаќин на емисијата „Добро утро, Британијо“ по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопруга на принцот Хари.

– Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, а бордот на ИТВ ја прифати оставката и нема што повеќе да правиме, соопштија од ТВ куќата.

Морган ја водеше емисијата во понеделник, во вторник и во среда и имаше остри коментари за Меган Маркл по интервјуто што заедно со принцот Хари го дадоа на Опра Винфри во кое Маркл го критикуваше кралското семејство.

Морган ја обвини младата двојка дека нанела голема штета на кралското семејство со тоа што бараше публицитет под свои услови, без прифаќање на одговорност и она што го носи нивната позиција, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Една од работите што ги кажа е дека на „принцезата Пинокио“ не и верува ниту еден збор.

– И натаму сум многу загрижен поради се што кажа Меган, но мора да истакнам и мое видување за менталните болести и суицидот. Таквите работи треба да се сфатат сериозно (Меган рече дека сериозно размислувала за самоубиство додека била во кралското семејство) и треба да се помогне, ако треба и со лекување, истакна Морган.

Тој и додаде на Твитер дека е подготвен да умре за слобода на говор.

„Реков во понеделникот дека не верувам во ниту еден збор што го кажа Меган Маркл во интервјуто кај Опра. Имав време да размислам за ова мислење, и сè уште не верувам во тоа. Ако ми верувате, добро. Јас сум подготвен да умрам за слободата на говор. Ви благодарам за целата љубов и омраза. Одам да поминам повеќе време со моите мислења“, напиша тој.

Тој дури влезе во конфликт со колегата водител, Алекс Бересфорд поради што среде емисија го напушти студиото.

Впрочем, Алекс Бересфорд му зборуваше заради коментарите на сметката на Меган Маркл.

-Разбирам дека не ја сакаш Меган, многупати им даваш на знаење во ова шоу, и разбирам дека си приватно поврзан со неа додека не те откачи. Но, таа има право да те откачи ако сака. таа некогаш не зборуваше за тебе? „Не мислам така, а сепак не престануваш да ја клеветиш …“, рече Алекс Бересфорд.

Однесувањето и коментарите на Морган предизвикаа 41.000 обвинувања до британската радио-дифузна агенција која соопшти дека ќе спроведе истрага по правилник за штетите и навредите.

За разлика од Пирс Морган, извршната директорка на ИТВ, Керолин Мекол претходно истакна дека апсолутно верува во она пто го раскажа Меган Маркл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk