Групата Црвена јабука  изминатите два дена одржа концерти во Комбанк арена во Белград што предизвика големи реакции во српската јавност бидејќи концертите се одржаа во време кога корона вирусот повторно зема замав.

Сараевската рок-група настапи под сите епидемиолошки мерки, и ова е прв концерт што се одржа по долго време во главниот град на Србија.   Но и покрај почитување на мерките, концертите јавноста ги крена на ниво на скандал, а особено затоа што пред скоро време настапила и Ивана Негатив, а се најавуваат и концертите на Џенан Лончаревиќ и на уште неколку групи.

Бурните реакции се поради тоа што во Србија се најавува локдаун, а викендов речиси ништо не работеше. Според јавноста ова е навреда и непочит кон сите доктори,

„Дали во земја Србија некогаш нешто било нормално? Сите знаеме дека одговорот е не, така што – што е чудно?“, се само дел од коментарите на Твитер на која што е споделена снимка од концертот, со опис: „Дали вие се шегувате со нас?“