Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност без влакна на јазикот.

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние.

Така, откако видендов сподели фотографии во бел стајлинг, Костова на нејзиниот инстаграм-профил откри дека повеќепати била запрашана од каде ги купила облеките, по што следуваше неочекуван одговор:

„Полн инбокс за ова што го носам. Мојата искреност е посилна од тоа да не кажам што носам. Панталоните се Елена Лука, сакото е од Бит пазар. Кемо не го знаете, јас го знам кога му буричкам во робата. Патиките се од Бершка, а ролката без ракави од Зара“, стои во инстаграм-сторито на Миа.

„Значи стил или имаш или немаш. Не те спасува ни еден Шанел ако не знаеш Коко. Не те прави поголема и пофраерка лажната ташна Луи Витон, напротив, далеку поефтино изгледа од кое било парче за 1000 денари“, стои во второто инстаграм-стори.