logo
logo
logo

СЦЕНИ КОИ НЕ СЕ ВИДЕНИ УШТЕ ОД ПОГРЕБОТ НА ТИТО: Србија се простила од Балашавеќ, засекогаш ќе се паметат ОВИЕ ФОТКИ

Vecer | 23.02.2021

СЦЕНИ КОИ НЕ СЕ ВИДЕНИ УШТЕ ОД ПОГРЕБОТ НА ТИТО: Србија се простила од Балашавеќ, засекогаш ќе се паметат ОВИЕ ФОТКИ

Настан, под назив “Ноќ кога Ѓоле го преплива Дунав“, траел од 19 до 21 часот

Неколку илјадИ Новосаѓани покрај Дунав, на Кејот жртва на рација, СО громогласен аплауз и овации се простиле од легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.

Присутните во еден момент ги упалите телефоните, луѓето плачеле, Нови Сад сијал во чест на Балашевиќ. Се ореше: “Браво Ѓоле“, а потресна сцена од Кејот ги наежила сите.

Симболично на Дунав биле факели, а лампиони се вивнале во небо со песни од Балашевиќ.

Хор на Српската народна опера и солистката Верица Пејиќ (некогашен член на Рани мраз) извеле неколку песни на Ѓоле, додека присутните на глас пееле, а се слушал громогласен аплауз и плач.

На тврдината и мостот угаснати се светлата, а граѓаните на Нови Сад му одаваат почит на својот панонски морнар. Луѓето со песните на Балашевиќ плачеле, секаде можеле да се видат бели рози.

Настан, под назив “Ноќ кога Ѓоле го преплива Дунав“, траел од 19 до 21 часот

Ѓорѓе Балашевиќ се родил 11. мај 1953 година во Нови Сад. Бил член на групата Жетва и Рани мраз, а 1982 година започнал соло кариера. Вкупно објавил 12 албуми.

Глумел во неколку телевизиски серии, за кои напишал и музика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk