Балашевиќ во 2001, објавил албум “Дневник старог момка“, посветен на својата најголема љубов и подршка.
Неговата љубов со сопругата Оливера траела повеќе од четири децении.
Се сретнале сосема случајно за време на едно ТВ гостување, а поради констатацијата на Оливера дека Златко Вујовиќ е опасен фудбалер Балашевиќ решил веднаш да се ожени со неа.
Ѓорѓе и Оливера уживале во складен брак четири децении, меѓутоа, многумина се прашувале дали познатиот кантавтор би имал толку многу емотивни балади да далечната 1979 година ја запознал својата Оливера, која е негова најголема подршка но и инспирација.
Ѓоле ја запознал младата Зрењанка Оливера Савиќ, бивша репрезентативка во спортска гимнастика, ненадејно.
И двајцата биле гости во новосатска телевизија – Оливера како спортистка, а Ѓорѓе како музичар. Црвенокосата девојка која студирала организација на работење во Нови Сад тогаш не ни сонувала дека во тој “разбарушен“ и “необразуван“ дечко со гитара ќе се вљуби “целосно“. Врсна гимнастичарка во четири спортски дисциплини, со куп медаљи и признанија, треба да одлучи помеѓу својата љубов и оваа нова, која допрва се раѓала.
- И тука јас успевам како во пета дисциплина – раскажува Ѓорѓе во декември 1981. година.
Превагнала поточно љубовта на двајца млади со исти желби и интереси.
- Во една прилика заеднички гледавме утакмица Хајдук- Хамбургер – раскажал Горѓе и продолжил:
- Наеднаш Оља ми ја префрли раката преку рамо и вели: Овој ЗлаткоВујовиќ е опасен фудбалер. Тогаш себеси си реков: Ја најдов вистинската личност, другар кој се разбира во други работи. Ќе се женам веднаш – готово е!