logo
logo
logo

Селма Хаек откри: Преплашена плачев по сек*от со Антонио Бандерас

Vecer | 17.02.2021

Селма Хаек откри: Преплашена плачев по сек*от со Антонио Бандерас

Славната холивудска актерка Салма Хаек (54) својата слава ја доживеа во 1995 година, со филмот „Десперадо“ во режија на Роберт Родригез, во кој таа ја толкуваше партнерката на Антонио Бандерас (60).

Таа се борела со совладување на англискиот јазик на потребното ниво, но и со дислексија, што многу ѝ отежнувал во почетокот на нејзината кариера, но со првата значајна улога во големиот проект, се појавиле и нови маки.

Гостувајќи во подкастот „Експерт за фотелји“ од Декс Шефард и Моника Падман, Хаек открила дека немала поим дека ќе треба да снима секс-сцени со колегата.

Нејзе, како што рекла, никој не ја принудувал на ништо, но објаснила зошто тоа било трауматско искуство за неа.

– Бев апсолутно преплашена! Почнав неутешно да плачам на сетот, бев исплашена, мислев дека јас тоа нема да можам да го направам. Всушност, најмногу се плашев од Антонио. Тој всушност беше многу мил, но ме плашеше неговата слобода. За него, тие сцени со секс беа ништо, а јас липав. Режисерот Роберт Родригез и тој беа неверојатни. Не ме принудија да направам ништо, не ме притискаа. Тие беа свесни дека тоа е трауматско искуство за мене, па дури се обидоа и да ме насмеат. Се сеќавам дека не ја испуштав од рака крпата со која бев покриена, но некако сепак и тоа го снимавме – се присетила славната актерка на дамнешната авантура, која сè уште е во одлични односи со Бандерас.

Таа заклучила дека целата приказна може да биде и смешна од денешна перспектива, но дека на жените им е потешко и тие се оптоварени со работи со коишто мажите не се и не мора да бидат.

– Постојано размислував за татко ми и брат ми, се прашував дали ќе го видат тоа, дали другите луѓе ќе ги задеваат за мене… Машките актери не треба да се занимаваат со тоа. Нивните татковци веројатно се само горди што нивниот син глуми мачо тип во кревет – рекла Селма.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=j1Fda82oxcc&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk