logo
logo
logo

Шокантен документарец за Бритни Спирс: Врската со Џастин ја уништи, а татко и ја држи во куќен притвор

Vecer | 09.02.2021

Шокантен документарец за Бритни Спирс: Врската со Џастин ја уништи, а татко и ја држи во куќен притвор

Новиот документарец за поп ѕвездата Бритни Спирс открива многу скриени моменти од животот на Бритни. Од врската со пејачот Џастин Тимберлејк, до врската со таткото на нејзините деца, па се до односот со нејзиниот татко.  Филмот ги открива и односите на медиумите кон Бритни, омразата како и негативните наративи што ѝ наштетија со текот на годините.

Вистинските проблеми со кои се бори со години ќе излезат на виделина

Она што го привлече вниманието на многу гледачи на документарниот филм беше Џастин Тимберлејк, кој го обвинија дека профитирал од љубовната врска со Бритни и дека пласирал приказна дека причина за нивното раскинување е нејзиното неверство. Она што дополнително ѝ наштети на Бритни и ја наруши нејзината репутација во јавноста е приказната дека таа не била девица кога почнале да се забавуваат. Тие се забавувале четири години и беа златната двојка на Холивуд во раните 2000-ти години.

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да го повикуваат Џастин да ѝ се извини за начинот на кој се однесувал кон неа и да се извлече од целата приказна како урбан, модерен млад човек, а Бритни беше етикетирана како прељубничка и лоша личност.

Многумина велат дека тогаш започнало полека нејзиното „пукање“, што довело до нервен слом во 2008 година, а подоцна и старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс над неа и на нејзините милиони. Иронично, во документарецот тие двајцата се нарекуваат најголемите негативци во нејзиниот живот.

Сите се согласуваат дека Бритни треба да добие извинување затоа што била манипулирана и третирана како кукла, без емоции и хуманост. Папараците ја бркаа немилосрдно, немаше никаде мир, ја нарекуваа со погрдни имиња, за сè да заврши со нејзиното затворање и движењето „Ослободете ја Бритни“, за кое исто така имаше приказни.

Бројни познати личности изразија поддршка за пејачката. Мајли Сајрус, Сара Џесика Паркер се само некои од славните жени кои се огласија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk