logo
logo
logo

Боби не се колебаше и спакува ХИТ!

Vecer | 01.02.2021

Боби не се колебаше и спакува ХИТ!

„Не оклевај“ така се вика новото музичко парче од работилницата на тимот на Боби Павловски. Станува збор за брза тема која, вели Боби, треба да ја разбие летаргијата во која западнавме во оваа корона пандемија. И овој пат Павловски се држи до правилото – тимот кој победува не се менува, па затоа и за оваа нумера работеше со екипата која беше задолжена и за претходните композиции отпеани на српски јазик („Заблуда“, „Самица“).

„Не сакав да експериментирам, особено затоа што во оваа екипа наидов на луѓе кои знаат да го препознаат она нешто во мене и она што ми се допаѓа. Мислам дека имам моќна тема и едвај чекам да дојде денот да ја отпеам пред мојата публика, онака што се вели во живо“, вели Павловски.

„Не оклевај“ е со потписот на Еди Рамиќевиќ и Милан Раѓен, како автори на музиката, текстот и аранжманот, додека и ова видео е дело на одличните Tropical Lifeisfun.

„Снимавме во неверојатни услови, буквално што се вели без спиење 48 часа. ПЦР тестови, трчање, ладно, но навистина мислам дека вредеше“, вели Боби за видеото за кое кадрите се направени во предели кои нудат неверојатни глетки и се на периферијата на Златибор, а во нив се појавува и една атрактивна девојка, која е водителка и модел во соседството.

„Се надевам дека ќе уживате во песната и видеото и уште повеќе се надевам и верувам дека оваа грда година која остана зад нас што поскоро ќе ни стане само еден грд спомен и ќе се видиме за скоро на една убава музичка дружба“, додава Боби.

[embed]https://youtu.be/N5I1dJBrG0M[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk