logo
logo
logo

400.000 ЕВРА ЗА СЕВЕРИНА за Нова година уште сега, А ЌЕ ГИ ДАДЕ САРАЕВО

Vecer | 10.07.2024

400.000 ЕВРА ЗА СЕВЕРИНА за Нова година уште сега, А ЌЕ ГИ ДАДЕ САРАЕВО

Познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ веќе го договорила својот настап за новогодишната ноќ.

Таа ќе настапи во Сараево, пред вечниот оган, а во овој град се водеше голема полемика за свршувачката на хрватската пејачка.

Имено, граѓаните на Сараево сметаат дека од буџетот ќе се издвојат премногу пари за хонорарот на Северина, со оглед на тоа што цената на нејзиниот настап во „најлудата ноќ“ е дури 800.000 конвертибилни марки, или околу 400.000 евра и според наодите на Ослобоѓења, градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, се обврзала дека Градот Сараево од буџетот ќе издвои близу 680.000 марки, кои со ДДВ изнесуваат околу 795.000 КМ, поради што настанал револт кај граѓаните.

Протестираат поради цифрата доделена за хонорарот на пејачката, пренесува Time.ba.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk