logo
logo
logo

Пирс Броснан

„Не сакам манекенка покрај мене, ТУКУ ВИСТИНСКА ЖЕНА“

Vecer | 03.02.2023

„Не сакам манекенка покрај мене, ТУКУ ВИСТИНСКА ЖЕНА“

Во брак се 22 години, а љубовта меѓу актерот Пирс Броснан и поранешната манекенка Кили гори со истиот жар како и првиот пат кога се сретнаа.

Омилената холивудска двојка неодамна беше фотографирана пред ресторан во Санта Моника, а како што можете да видите од приложените фотографии, љубовниците ја задржале насмевката на лицата.

Кили често е мета на критики од корисниците на социјалните мрежи и фановите на Броснан поради нејзиниот изглед, поточно вишокот килограми што ги доби во бракот.

„Најди пожешка жена“, „Зошто не ослабе еднаш“, се само дел од коментарите кои поранешната манекенка ги добива за нејзиниот сегашен изглед.

Во една прилика Пирс со остри зборови го скрати секој коментар за изгледот на неговата сопруга.

"Мислам дека злобните напади на Кили се поради нејзината тежина. Не сакам манекенка покрај мене, туку вистинска жена", изјавил еднаш актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk