logo
logo
logo

Лукас плаќа 135.000 динари за двојник: Ова е единствениот услов што ќе треба да го исполни за “Кафана на Балканот“!

Vecer | 05.12.2022

Лукас плаќа 135.000 динари за двојник: Ова е единствениот услов што ќе треба да го исполни за “Кафана на Балканот“!

Извесен млад човек ќе добива по 4.500 динари на ден од снимање, а неговиот лик воопшто нема да биде “регистриран“ во проектот.

Аца Лукас и неговата продукциска екипа наводно му нудат по 4.500 динари дневно на млад човек кој ќе ги “игра“ тупаниците во филмот и серијата “Кафана на Балканот“. Да потсетиме, дел од сцените за овој проект се снимени за време на концертот на пејачот во Старк Арена.

Лукас ќе го толкува Младен Совиљ, а ќе има помош од момче кое наместо него ќе свири на клавир и клавијатури, бидејќи не знае како да го прави тоа. Во огласот што неодамна беше објавен, пренесува “Курир“, од каскадерот се бара да има слични раце и да знае да свири на двата инструменти кои ги свири познатиот фолкер. Во некои сцени ќе се зумираат рацете над клавирот така што ќе мора да свири точна композиција за да изгледа веродостојно.

- Дневницата на двојникот ќе изнесува 4.500 динари дневно на снимање. Снимањето трае до крајот на април и во тој период ќе има најмалку 30 денови снинање - се вели во огласот, па така, кој ќе биде избран за оваа работа ќе заработи 135.000 динари, односно 1.100 евра.

Подготовките за снимањето на “Кафана на Балканот“ ќе траат повеќе од половина година. Делот ќе се снима во Сајарево, како и на новогодишниот настап на Лукас

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk