logo
logo
logo

ОВА СЕ ХОНОРАРИТЕ НА ЖИРИТО: 80.000 на Марија, а на Цеца...

Vecer | 19.09.2022

ОВА СЕ ХОНОРАРИТЕ НА ЖИРИТО: 80.000 на Марија, а на Цеца...

Одложеното емитување на “Ѕвездите на Гранд“ предизвика сериозен удар по џебот на членовите на жирито, при споредувањето на висината на нивните хонорари за новата сезона.

- Жирито имаше сериозна заработка од секоја емисија, а со оглед на тоа што нема шоу, сега нема пари. Нивните хонорари се движат од 1.000 до 2.000 евра по емисија, што значи дека заработуваат и до 8.000 евра месечно, вели изворот и додава:

- Најплатена е Цеца Ражнатовиќ која инкасира 100.000 евра по сезона, додека Марија Шерифовиќ годишно 80.000 евра. По неа се Вики Миљковиќ и Ана Бекута, како и Босанец со сума од околу 70.000 евра. Најлошо поминал Ѓорѓе Давид, кој минатата сезона инкасирал само 40.000 евра - открива изворот.

- И додека Ѓорѓе Давид, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ го чекаат расплетот на целата ситуација, единствена причина за грижа е Цеца Ражнатовиќ. За разлика од сите други, Цеца потпишала ексклузивен договор без разлика дали се емитува “Гранд“.

- Цеца има договор кој и гарантира 100.000 евра по сезона, без разлика дали се емитуваат “Ѕвездите Гранд“ или не, па новонастанатата ситуација ќе и дојде како платен одмор, вели изворот.

И самата пејачка потврдила дека е обврзана со “Ѕвездите на Гранд“ со продукциски договор:

Потпишав договор на три години, па ќе бидам со нив уште две години, изјавила неодамна Цеца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk