logo
logo
logo

ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА КАВГАТА МЕЃУ ЦЕЦА И ЈЕЦА! Еден коментар направил вистинска естрадна војна.

Vecer | 19.06.2022

ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА КАВГАТА МЕЃУ ЦЕЦА И ЈЕЦА! Еден коментар направил вистинска естрадна војна.

Најголемото ривалство на естрада, меѓу пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, трае скоро 20 години и не престанува.

Иако Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ се големи ривалки кои често водат естрадна војна, тие некогаш заедно и соработувале.

Цеца и Јелена многу одамна заедно испеале песна која станала вистински хит. Станува збор за хит “Пушти ме“.

Имено, пејачката Славица Трипуновиќ Дајана 1995 година издала албум “1,2,3, и... на кој се нашла и песната “Пушти ме“, која за Дајана ја напишал Драган Брајовиќ Браја, а пртечки вокали биле токму Цеца и Јелена. Цеца тогаш веќе била позната ѕвезда, а Јелна бил на почеток на кариера.

“Кога почнав да фантазирам за тоа како да станам ѕвезда, пеев пратечки вокал на Дајана, заедно со мене во студио се појави тогаш големата ѕвезда Цеца. Ние двете заедно пеевме пратечки вокали на Дајана и бев многу возбудена и среќна што бев рамо до рамо со Цеца. Нешто подоцна слушнав, Цеца наводно рекла дека многу убаво пејам, но дека сум премногу грда за да бидам ѕвезда“, рекла Јелена Карлеуша пред неколку години во емисија кај Луна Лу.

Драган Брајовиќ Браја, кој ја компонирал песната за Дајана, и соопштил дека Цеца наводно рекла Јелена многу убаво пее, но премногу е грда за да биде ѕвезда. Тогаш Јелена спрема сопствено признание се разочарала во Цеца. Во тој момент се заинатила и одлучила  дека ќе стане позната естрадна ѕвезда за која сите ќе слушнат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk