logo
logo
logo

ГЛУМИЦАТА ЕЛИЗАБЕТ ДЕБИЦКИ КАКО ПОКОЈНАТА ДАЈАНА! ФОТКА КОЈА ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Копија на најсаканата принцеза

Vecer | 20.01.2022

ГЛУМИЦАТА ЕЛИЗАБЕТ ДЕБИЦКИ КАКО ПОКОЈНАТА ДАЈАНА! ФОТКА КОЈА ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Копија на најсаканата принцеза

На социјалните мрежи кружи фотографија на австралиска глумица која ја игра принцезата Дајана во серијата “Круна“.

Австралиската глумица Елизабет Дебицки (31) во новата сезона на серијата ‘Круна’ влегла во кожата на покојната принцеза Дајана, а фановите велат дека изгледаат идентично.

Снимањето на серијата било прекинато за некое време бидејќи се зборувало дека неколку лица на сетото биле позитивни на корона, но спрема новите фотографии се месли дека снимањето продолжува.

На социјалните мрежи се појавиле фотографии на глумицата Елизабет Дебицки во улога на Дајана Ди, а фановите веднаш коментирале дека Елизабете е совршен избор на глумица за таа улога.

- Духот на принцезата Дајана, нејзините зборови  живеат во срцата на многумина. Вистинска привилегија и чест е да се придружете на оваа феноменална серија, која целосно ме обзеде уште во првата епизода – изјавила Дебицки во улогата на Дајана.

Новата сезона на серијата “Круна“ ќе биде емитувана оваа есен, а ќе се занимава со последните години од бракот со принцот Чарлс и принцезата Дајана, како и последните денови од животот на Дајана, пред да настрада во автомобилската несреќа во Париз 1997 година.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk