logo
logo
logo

“МНОГУ НЕОБИЧНО ИСКУСТВО...“ Данијела Мартиновиќ прв пат за раскинувањето со Петар Грашо после 24 години љубов

Vecer | 19.01.2022

“МНОГУ НЕОБИЧНО ИСКУСТВО...“ Данијела Мартиновиќ прв пат за раскинувањето со Петар Грашо после 24 години љубов

Популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ неодамна се нашла во центар на внимание кога наеднаш пукнала аферата дека Петар Грашо и таа раскинале, каде што нејзиниот бивш се впуштил во врска со ќерката на Тончи Хулија.

Откако потврдиле дека се заедно, Петар и Хана соопштиле дека го чекаат своето прво дете, и дека венчавање не планираат оваа година.

Данијела Мартиновиќ не ги коментирала сите овие шпекулации за овој љубовен триаголник , но неодамнешното нејзино госгување во хрватскиот ИН Магазин “Само опуштено“ се согласила да зборува ка тоа како е да се биде слободна после 24 години врска.

- Многу необично искуство, се учам да летам. Зборот “Слобода“ многу го сакам и е повеќедимензионален. Мислам дека најважно чуство за слобода е во самите нас. Јас тежев кон таа слобода во самата себе, што значи на себеси да си верен – рекла Данијела цитирајќи го својот колега Џибони: “сега во се можам да најдам нешто убаво и да се каже ‘животу, добер ти ден“. Кога се завртев преку рамото едно најтешко искусто ми донесе такви спектакуларни нови работи кои навистина ни во сон не смеев да си ги замислам за себе и да сонувам за себе.

Инаку Данијела не ја засегнуваат медиумските написи и коментари на социјалните мрежи, а пред неколку дена поделила на Инстаграм селфи на кое позирала насмеана и напишала:

- Со насмевка во новата недела!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk