Пејачката и модна дизајнерка Викторија Бекам на 17 април го слави својот 47-ми роденден. По тој повод, се потсетивме на најинтересните факти за неа.
Еве 10 работи што не сте ги знаеле за Викторија Бекам:
- Во 1997 година, Дејвид Бекам ја видел Викторија, посакал да ја запознае и љубовта се родила на прв поглед. Двојката се венчаше во 1999 година, четири месеци откако го добија првиот син. Дејвид и Викторија се едни од најпопуларните парови во Велика Британија и луѓето ги нарекуваат „Пош и Бекс“.
- Нејзиниот татко ја носел на училиште со Ролс Ројс, поради што уште од училишните денови го добила прекарот „Пош“.
- Таа е првото од трите деца на мајката фризер и таткото електроинженер.
- Кога била мала, била буцкаста, па затоа нејзината мајка ја нарекувала „дебело куче“. Викторија рекла дека поради тоа, секогаш била свесна за својата тежина.
- Таа не била многу популарна кај момчињата за време на училишните денови, па затоа немала ниту момче.
- Кумови на нејзините деца се Елизабет Хрли и Елтон Џон.
- Како што стана популарна, Викторија Бекам престана да се смее, а причината се брчките. Решила да се смее ретко, за да нема брчки на лицето.
- Нема крем со кој не се обидела да го ублажи стареењето, а познато е дека и самата дизајнирала крем заснован на измет од птици.
- Има две тетоважи посветени на нејзиниот сопруг Дејвид.